Skip to main content
Хроника

Неексплодирани гранати од Првата светска војна и од конфликтот во 2001 година пронајдени и отстранети

04/07/2025  15:37

Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), во овој период постојано работи на отстанување на неексплодирани убојни средства (НУС) на линијата на Македонскиот фронт од минатите војни, но и од последниот конфликт од 2001-та.

Конкретно, во с.Витолиште Мариово, Општина Прилеп по пријава до Граничната полиција на МВР, беа пронајдени и безбедно отстранети артилериски гранати од Првата светска војна (артилериска граната 105mm и минофрлачка граната 75mm).

По пријава во СВР Тетово, во атарот на с.Непроштено беше отрането НУС, проектил 40mm од рачен фрлач на противпешадиски гранати, што потекнува од конфликтот во 2001.