Skip to main content
Хроника

Претрес во дом на полицаец од Тетово – правел злоупотреби со пријавувањето странски државјани

04/07/2025  12:44

Полицаец од Тетово е осомничен дека правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани.

Според информациите на МВР, вчера е извршен претрес во дом и помошни простории на полицискиот службеник од СВР Тетово И.А.(53) во с. Шемшево, тетовско, а во врска со кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

При претресот се пронајдени 27 празни картони за пријавување на странски државјани со печат од МВР, еден куршум, записници за сторен прекршок, платни налози, како и лични документи од странски државјани.

По документирање на случајот, против полицискиот службеник ќе биде поднесен соодветен поднесок.