Skip to main content
Хроника

Приведен возачот кој вчера прегази пешак кај „Жена парк“

04/07/2025  12:34

Полицијата го приведе возачот кој вчера околу 11 часот со „пежо 207“ прегази пешак наспроти „Жена парк“.

Како што информира денеска МВР, возило марка „пежо 207“ со скопски регистарски таблички, управувано од П.А. (48) од Скопје, удрило во 65-годишниот К.К., исто така од Скопје.

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му била укажана медицинска помош.

Возачот е лишен од слобода, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава