
Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов објави дека Струмица добива нов голем парк кој ќе понуди содржини за сите генерации.
„На површина од 43.000 м², таму каде што некогаш владееше сивило и бетон, Струмица добива ново зелено срце – модерен урбан парк, изграден со најквалитетни материјали, внимателно одбрани зелени површини, пешачки патеки, амфитеатар на отворено и простори за одмор и рекреација за сите генерации.
Ова нема да биде само парк – ова ќе биде место на живот, креативност, спокој и убавина. Место каде децата ќе растат, младите ќе се дружат, а повозрасните ќе одмараат. Место каде што Струмичани ќе уживаат – секој ден.
Колку и да сака некој да ја попречи мојата визија за нова, модерна и препознатлива Струмица – ние не запираме. Продолжуваме понатаму – поцврсто, позелено, подобро“ вели Костадинов