Skip to main content
Хроника

Без возачка дозвола возело лицето кое ја усмрти жената на тротоар во Охрид

25/06/2025  13:25

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.С.(22) од Прилеп, со престој во Охрид и К.М.(19) од с.Лескоец, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

На 19.06.2025, второпријавениот му овозможил на првопријавениот да го управува неговото патничко возило „голф“ без да поседува возачка дозвола и притоа со возилото удрил двајца пешаци, од кои едниот починал. На двајцата им е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.