Skip to main content
Хроника

Тешко повреден велосипедист по судир со мотор

25/06/2025  13:24

На 24.06.2025 околу 19.00 часот, на улицата „7 ноември“ во Охрид, случена е сообраќајна несреќа помеѓу мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од Ф.М.(22) од Охрид и велосипед управуван од Н.Д.(60) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, а со телесни повреди возачот на мопедот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.