Skip to main content
Македонија

Сиљановска-Давкова на свечениот прием кај кралот и кралицата на Холандија

25/06/2025  10:57

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова деновиве е во работна посета на Хаг, односно ја предводи државната делегација на Самитот на НАТО во Хаг.

Таа исто така, присуствуваше на свечениот прием организиран од Неговото Височество Вилем-Александар, крал на Холандија и Нејзиното Височество кралицата Максима, кој се одржува токму во пресрет на Состанокот на Северноатлантскиот совет во Хаг.

На една од фотографиите што беше споделена не нејзиниот Фејсбук профил, може да се забележи дека на свечениот прием, до неа седи украинскиот претседател, Володимир Зеленски, а на соседната маса се наоѓа претседателот на САД, Доналд Трамп.