
Институтот за акредитација, како единствено национално тело за акредитација и годинава го организира чествувањето на Светскиот ден на аредитацијата.

Настанот денеска ќе се одржи под мотото „Акредитација: Зајакнување на малите и средните претпријатија“.
Како што информираат од Институтот за акредитација, на настанот ќе се обратат заменик министерот за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ и директорот на ИАРСМ, Нико Берберу. За активностите на ИАРСМ во изминатата година ќе говори претседателот на Совет ИАРСМ, Биљана Стоиловска.
-Како и секоја година и годинава се очекува присуство на бројни гости – претставници на јавиот сектор, научно-образовни институции, здравствени установи, соработници, претставници на телата за оцена на сообразност и новинари, посочуваат од Институтот за акредитација.