Skip to main content
Хроника

Тешко повредена 60-годишна жена на пат кај Дојран – ја удрил моторциклист

23/06/2025  13:57

Вчера (22.06.2025) во 11.45 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат Стар Дојран-Нов Дојран, мотоцикл „кавасаки“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.Т.(43) од с.Негорци, гевгелиско, удрил во 60-годишната Ј.Н.Ј. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Ј.Н.Ј. и мотоциклистот, констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија, се наведува во полицискиот билтен.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.