
Вчера во 15.00 часот, полицијата уапсила пет лица А.К.(31), М.К.(19), Д.К.(52), М.К.(22) и М.К.(58), сите од Скопје, поради тепачка.
„Околу 11 часот на подрачјето на Драчево, истиот ден по претходна расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која биле употребени остар предмет и тврди предмети, а оштетени биле и прозорци од куќа и од патничко возило“, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.