
Во рамки на фестивалот „Скопско лето“, вечер во Куршумли ан музичката група „Баклава“ ќе одржи концерт, со кој ќе одбележи две децении од своето музичко творештво.

Како што е најавено, на концертот ќе бидат изведени песни од сите пет албумски изданија – „Баклава“, „Калемар“, „Ме манкас мучо“, „IV“ и „За Скопје со љубов“, како музичко патување низ љубовта, традицијата и урбаниот ритам.
-Препознатлива по својот автентичен акустичен звук, „Баклава“ ќе ве прошета низ богатиот и разновиден музички свет создаван во текот на нивната 20-годишна кариера. Очекувајте вечер исполнета со искрен израз, виртуозност и длабоки емоции. Влезот ќе биде регулиран со влезници, кои ќе се продаваат на влез на Куршумли ан, пред почетокот на настанот, соопштија од Дирекцијата за култура и уметност.