Skip to main content
Свет

Советот за безбедност на ОН ќе се состане за американските напади врз Иран

22/06/2025  19:02

Советот за безбедност на ОН ќе се состане подоцна денеска, соопштија дипломати. Состанокот е закажан откако САД се придружија на израелскиот напад врз Иран и ги погодија главните нуклеарни постројки во земјата преку ноќ со масивни бомби дизајнирани да уништат бункери.