Skip to main content
Македонија

Вечерва тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје – неколку лица пренесени во болница

22/06/2025  00:17

Вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа на раскрсницата во близина на плоштадот Скендер бег, во строгиот центар на Скопје. Според изјави на очевидци, до несреќата дошло по судир меѓу два мотора и патничко возило.

На местото на несреќата веднаш пристигнала екипа на Брза помош која ги пренела повредените лица во болница.

Засега нема официјални информации за нивната состојба.

Полицијата врши увид и работи на утврдување на причините за несреќата.