Skip to main content
Македонија

Гужви на „Табановце“ и „Богородица“ – Чекање по еден час за влез и излез од државата

21/06/2025  13:50

Интензитетот на сообраќај на државните патишта е зголемен, а одредени гранични премини бележат подолги задржувања. Според информациите од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), на премините „Табановце“ и „Богородица“ времето на чекање за влез и излез од државата достигнува околу еден час од македонска страна.

На останатите гранични премини сообраќајот се одвива без подолги задржувања.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Сепак, се апелира на зголемена внимателност при управувањето со возилата, особено на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои опасност од појава на одрони.

Посебна претпазливост се препорачува на следните делници:

Катланово – Велес

Маврово – Дебар – Струга

Виница – Берово

Кочани – Делчево

АМСМ упатува препорака за прилагодување на брзината кон условите на патот, строго почитување на поставената сообраќајна сигнализација и одговорно управување со возилото.