Прегазено дете во Тетово, автомобил удри во бетонски ѕид кај Арабати Баба Теќе

На 13.07.2020 во 17.20 часот било пријавено дека на бул.„Видое Смилески Бато” во Тетово, патничко возило „фолксваген голф”, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.М.(39) од Тетово, удрило во деветгодишен пешак од Скопје. Во незгодата пешкот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

На 13.07.2020 во 18.40 часот било пријавено дека во Тетово, пред Арабати Баба Теќе, патничко возило „бмв”, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Л.(20) од Тетово, излетало од коловозот и удрило во бетонски ѕид. Во незгодата, Б.Л. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.

Од МВР информираат дека вчера околу 18 часот било пријавено дека на локалниот пат во с.Долно Палчиште се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел вектра”, со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.А.(20) с.Долно Палчиште и патничко возило „опел корса”, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Ш.(49) од истото село.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Џ.Ш., а со телесни повреди се здобил И.А., констатирани во Клиничката болница Тетово, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.

Треба да знаете
Последни објави