Skip to main content
Хроника

Приведен Турчин на граничниот премин Деве Баир, на увид дал фалсификуван зелен картон

18/06/2025  12:51

Вчера во 14.00 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 56-годишниот Ј.К. од Република Турција затоа што при гранична контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификуван зелен картон за возилото кое го управувал.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.