Skip to main content
Скопје

Без струја делови од Илинден и Аеродром

18/06/2025  08:10

Без електрична енергија денска од 08:10 до 14:30 часот, ќе останат корисниците од населба Јака и село Марино, дел од корисниците од селата Белимбегово и Кадино, објектите на Гранд Експорт, Текспорт, Мак Инвест и Хавеп, трафостаниците на Мак Инвест 381720, Бела Земја 1, 2, 3, 5, 6, 7 , 8, 9 и 10, како и приватните трафостаници Гранд Експорт 89743, Хавеп 389919 и Текспорт 389993 во општина Илинден.

Струја во периодот од 10:00 до 12:00 часот, ќе немаат и од корисниците од улиците Симеон Кавраков, Петар Ацев и Анастас Митрев во општина Аеродром, соопшти ЦУК.