
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денес организира собир на тема „Зелен раст – посебен осврт врз Северна Македонија (Животна средина, циркуларна економија, енергетска транзиција, трговија).“
Воведен говор ќе одржи академик Владо Матевски, по што ќе следат два панели: „Циркуларна економија и животна средина“ и „Енергетска транзиција и одржливост“.
Првиот панел ќе ги опфати следниве теми: „Како да се вгради еколошката компонента во развојот на Северна Македонија?, Секундарни минерални суровини во Северна Македонија – состојби, предизвици и можности, Циркуларна економија во Северна Македонија – бизнис практики и зелени вештини во индустријата, Каде, како и со кого? Локации, субвенции и јавно мислење за соларна и ветерна енергија во функција на зелениот раст, Доделување концесии и/или издавање на лиценци, некои потенцијални ризици возачувувањето на биолошката и пределната разновидност, Циркуларната економија како решение за пластичниот отпад: интегриран пристап кон одржлива иднина, како и Зелена транзиција на полимерите: биопластика.“
Исто така, ќе биде презентирана и „Обсервација на корелацијата помеѓу растот и загадувањето – наоди од научен проект.“
Вториот панел ќе ги обработува следните теми: „Влијанието на зелените иновации врз перформансите на фирмите: Емпириска анализа врз основа на податоци од BEEPS, Влијанието на граничната јаглеродна давачка на ЕУ врз глобалните синџири на снабдување, Текстилниот отпад станува ресурс, Национална правна рамка – пречка или поттикнувачки фактор за зелен раст, Од теорија во пракса – конкретни искуства и имплементација на зелен раст во енергетиката, како и Електрохемија, сензори и животна средина.“
На настанот ќе говорат академиците Таки Фити, Абдулменаф Беџети и Владо Матевски, дописниот член на МАНУ Валентин Мирчески, професорите Трајче Стафилов, Гордана Богоева-Гацева, Хирије АбазиАлили, како и Марица Антовска Митев, Татјана Дранговска, Александар Дединец, Катерина Бачева Андоновска, Александра Иваноска-Дациќ, Златко Ветеровски, Ирена Јакимоска и Никола Деребанов.