Skip to main content
Свет

Иран побара од Ирак да го затвори воздушниот простор за воените авиони на Израел

15/06/2025  19:03

Иран бара помош од Ирак во одбрана од израелските напади.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан предупреди дека Иран ќе одговори „уште пожестоко и порешително“ доколку продолжат израелските напади, јавува Би-Би-Си.

Во телефонски разговор со ирачкиот премиер, Пезешкијан рече дека и другите земји во регионот би можеле да бидат загрозени доколку Израел продолжи со нападите и ги повика исламските земји да заземат „цврст заеднички став“.

„Иран не го започна овој конфликт, но решително одговори на нападите“, рече Пезешкијан.

Според соопштението од неговиот кабинет, иранскиот претседател побарал од Ирак да го спречи Израел да го користи ирачкиот воздушен простор за напад врз Иран.

„Ирачките власти треба да бидат уште повнимателни за да не се злоупотреби ирачката територија против Исламската Република Иран“, се вели во соопштението.