Skip to main content
Македонија

МВР со важно известување за родителите на малолетни деца

15/06/2025  16:56

Поради зголемениот обем на барања, МВР ги известува родителите дека шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) за издавање на „Одобрение за патување во странство за малолетни лица” (деца до 14 години), во наредниот период ќе работи од 08.00 до 18.00 часот, со цел да одговори на сите барања на граѓаните.