Skip to main content
Свет

Нетанјаху: Удривме во сржта на иранската програма за нуклеарно оружје

13/06/2025  07:57

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека тие нападнале нуклеарни цели во Иран и најави дека операцијата ќе продолжи уште неколку дена. „Пред неколку моменти, Израел ја започна операцијата Rising Lion, целна воена операција за неутрализирање на иранската закана за самиот опстанок на Израел“, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање.

„Ова е јасна и непосредна закана за самиот опстанок на Израел“, рече тој.

„Удривме во сржта на иранската програма за нуклеарно оружје. Го нападнавме главниот објект за збогатување ураниум на Иран во Натанц. Нападнавме ирански нуклеарни научници кои работат на иранската бомба. Исто така, нападнавме во сржта на иранската програма за балистички ракети“, рече тој.

„Бранејќи се себеси, ги браниме другите. Ги браниме нашите арапски соседи. И тие страдаа од кампањата на хаос и крвопролевање на Иран“, заклучи тој.