Skip to main content
Македонија

30 дена притвор за Ристо Крмзов

09/06/2025  21:56

30 дена притвор за струмичкиот бизнисмен Еисто Крмзов осомничен за сериозни финансиски злоупотреби. Тој од Кривичен суд ќе биде спроведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка. Мерката му е одредена поради опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во координација со Финансиска полиција, УЈП и други служби, поднесе кривични пријави против 27 физички лица и 15 правни лица од Струмица, осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и несовесно работење во служба.

Според истрагата, во 2019 година тројца организатори формирале мрежа во која биле вклучени управители, инспектори од УЈП и сметководители. Тие преку фирми под нивна директна или скриена контрола издавале лажни фактури и прикажувале фиктивен промет.

Со ваквото работење, пријавените стекнале противправна корист од над 94 милиони евра, на директна штета на државниот буџет.