Skip to main content
Хроника

Физичка пресметка помеѓу Скопјанец и Бугарин – полицијата ги уапси

09/06/2025  13:59

Синоќа скопската полиција ги привела 45-годишниот А.С. од Бугарија и 38-годишниот Д.Ј. од Скопје, кои претходно околу 22:30 часот на подрачјето на Аеродром помеѓу нив настанала физичка пресметка со што го нарушиле јавниот ред и мир.

„На 08.06.2025, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле А.С.(45) од Република Бугарија, со престој во Скопје и Д.Ј.(38) во Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22.30 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка“ се наведува во полицискиот билтен.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.