
На денешното судење адвокатот Бојан Манев пред судот рече дека не ја обезбедил снимката од бензиската пумпа на „Макпетрол“ кај Велес, која требаше да покаже дека Панче Жежовски на 22 ноември 2023 година полни бензин. Оваа снимка е важна бидејќи според истрагата Жежовски е убиен тој ден утрината.
Обвинителката Жаклина Јосифовска рече дека таква снимка каде се гледаат оштетениот и дел од обвинетите – не постои.
Оваа снимка на Јутуб пред две години веќе ја објави српскиот политичар Срѓан Ного.
Видевски го измени првичниот исказ во кој се изјасни за виновен и тврди дека нема никаква поврзаност со киндапирањата и убиствата на велешанецот и на 14-годишната Вања Ѓорчевска.