Skip to main content
Македонија

Следува развој на грмотевични облаци, локална појава на пороен дожд и грмежи!

09/06/2025  08:21

Метео анализа на Славчо Попоски:

Од денес (понеделник 9 јуни, па се до среда 11 јуни) повремено ќе дува засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови пад на температурите за 3 до 5 степени, па така максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот 25 до 33 степени.

Сепак, атмосферата повторно нема да биде стабилна, па така во попладневните часови очекувам локален развој на грмотевични конвективни облаци од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна  е  и локална појава на краткотрајно невреме со појава на град.

И во делови од Скопската котлина ќе има услови за нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачува до околу 32/33 степени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од појава на невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/