Меси му се радува за враќањето на фудбалските терени

Капитенот н шпански фудбалски првак Барселона, аргнетинскиот интеранционалец Лионел Меси и покрај паузата од два месеци поради пандемијата со коронавирусот е во добра физичка кондиција.  Последните неколку недели од карантинот му биле тешки, но еден од најдобрите фудбалери на деншницата не крие дека тренинзите кои ги правел индивидуално во домашна атмосфера му помогнале да ја победи оваа бариера.

Меси е радосен и задоволен што играчите се вратија на тренинзите индивидуално пред неколку дена

-Се чувствувам добро физички, изминативе месеци тренирам дома и мислам дека тоа ми помогна многу.Домашната изолација е многу тешка, но ако имате деца и сопруга покрај вас, тогаш има моменти во кои можете да уживате. Лично, јас со нетрпение го чекам враќањето на фудбал, дури и ако знаеме дека сè ќе биде доста чудно без луѓе на трибините, вели Меси.

Во тимот на Барселона немаше позитивни лица на тестовите за коронавирусот. Групните тренинзи  во Шпанија треба д абидат дозволени од следната недела.

 

Треба да знаете
Последни објави