Skip to main content
Македонија

Најмногу дожд наврна во Скопје

18/05/2025  10:14

Во изминатото деноноќие најмногу дожд 6 литри на квадратен метар наврна во Скопје на мерното место кај Петровец, по што следи  Тетово со 4, Крушево со 3, Крива Паланка и Штип со по 2, а 1 литар на квадратен метар наврна во Охрид, Прилеп, Берово, Виница и Куманово, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според најавите од УХМР, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени Целзиусови.

И во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 26 степени Целзиусови.