Skip to main content
Балкан

До 17 часот во Србија гласале 60,8 отсто

25/10/2026  18:06

Излезноста на предвремените парламентарни избори во Србија до 17 часот достигна 60,8 отсто, според проценката на Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД), изработена врз примерок од 750 избирачки места.

Податоците покажуваат значително поголема излезност во споредба со парламентарните избори во 2023 година, кога до истиот час гласале 47,2 отсто од запишаните избирачи.

Разликата изнесува 13,6 процентни поени, што укажува на поголем одѕив на гласачите во споредба со претходните парламентарни избори.