Skip to main content
Македонија

Без струја остана половина Македонија

18/05/2025  08:54

Голем дел од Македонија ноќеска остана без струја. Од ЕВН контакт центарот велат дека станува збор за голем дефект.

Струја нема во Кочани, Прилеп, Скопје, Гевгелија, Штип, Куманово. Дел од граѓаните на Скопје, рано утрово пријавуваат дека повторно имаат струја. ЕВН во текот на денот се очекува да информира каков и од колкави размери е проблемот.