Skip to main content
Свет

Кремљ ги нарече „конфронтациски“ европските повици за 30-дневен прекин на огнот со Украина од 12 мај

10/05/2025  18:50

Кремљ ги обвини европските земји за контрадикторни и конфронтациски изјави откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни санкции“ доколку не се придржува кон него. 

Украина и европските лидери се согласија дека безусловниот 30-дневен прекин на огнот треба да почне в понеделник. Тие рекоа дека имаат поддршка и од американскиот претседател Доналд Трамп.

„Сите ние тука, заедно со САД, го повикуваме Путин. Ако тој има сериозна намера да постигне мир, има шанса да го покаже тоа“, рече британскиот премиер Кир Стармер.