Skip to main content
Култура

Во ДПМ ќе се одржи разговор со неговите нови членови

08/05/2025  08:44

По повод јубилејот „Осум децении од кодификацијата на стандардниот македонски јазик“, денеска напладне во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), под насловот „Што ни значи нам јазикот?“ ќе се одржи средба со неговите нови членови: Искра Донева, Милчо Мисоски, Митко Гогов, Хана Корнети, Симона Јованоска, Атанас Бојаровски, Драгана Лукан Николоски и Лузлих Хазири.

Ова воедно ќе биде и претставување на новите членови на Друштвото, каде автор(к)ите ќе прочитаат изводоци од своето творештво. На настанот ќе му претходи воведно обраќање од Славчо Ковилоски – раскажувач, поет, професор на Институтот за македонска литература во Скопје и главен и одговорен уредник на „Стожер“. Пригодно, Славчо К. ќе се осврне на некои суптилни нишки од неразделната врска помеѓу јазикот и книжевното творештво.