Skip to main content
Свет

Најмалку 48 загинати и 142 ранети во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

06/05/2025  16:02

Најмалку 48 лица загинаа, а 142 се ранети во израелските напади врз Појасот Газа во последните 24 часа, соопшти денеска Министерството за здравство во Газа.

Во соопштението се вели дека голем број жртви се заробени во урнатините во области до кои спасувачите не можеле да стигнат, објави Ал Џезира.

Според министерството, најмалку 52.615 Палестинци се убиени, а 118.752 се повредени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година.