Skip to main content

Една од најважните одлуки се однесува на иднината на таканаречената престапна секунда, која периодично се додава од 1972 година со цел да се хармонизира времето мерено со исклучително прецизни атомски часовници со времето базирано на ротацијата на Земјата, се наведува во соопштението на Дирекцијата за мерки и скапоцени метали.

Новите меѓународни решенија, чија имплементација почнува на 20 мај 2027 година, создаваат услови за континуирано функционирање на светското време, без потреба од сегашните периодични корекции.

Оваа промена е од исклучителна важност за современиот свет бидејќи сателитската навигација, телекомуникациите, интернетот, банкарскиот и финансискиот систем, како и многубројни други технологии што граѓаните ги користат секојдневно, зависат од прецизно и континуирано мерење на времето, исканаа од Дирекцијата.