Skip to main content
Хроника

Почината жена со траги на насилство најдена во својот дом во Ѓорче Петров

27/10/2026  12:21

Безживотно тело на повозрасна жена било најдено утрово во дом во скопската населба Ѓорче Петров.

Настанот го потврдија и од МВР.

,,Денеска (27.10.2026) во 09:18 часот во СВР Скопје М.А. пријавила дека во куќа на ул.„Ѓурчин Кокале“ во Скопје ја пронашла нејзината мајка О.А.(76), без знаци на живот. Од страна Итна медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство.

Известен е јавен обвинител по чии насоки телото е дадено на обдукција. СВР Скопје презема мерки за утврдување на причините и за расчистување на случајот” велат од МВР.