Skip to main content
Спорт

Пјастри победи на ГН на Мајами, а Верстапен четврти

05/05/2025  09:49

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, доцна синоќа победи на трката за Големата награда на Мајами.

Неговиот тимски колега Ландо Норис го освои второто место, а возачот на Мерцедес Џорџ Расел ја заокружи првата тројка.

Актуелниот светски шампион, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, кој стартуваше од пол-позицијата, заврши на четвртото место.

Следната трка во Формула 1 шампионатот, Големата награда на Емилија Ромања, ќе се вози во Имола, Италија, на 18 мај.

Во поредокот за возачи лидер е Пјастри со 131 бод, Норис има 115, Верстапен е трет со 99, Џорџ Расел собра 93.

На табелата кај конструкторите води Мекларен со 246 бода, пред Мерцедес со 141, трет е Ред Бул со 105.