
Вчерашниот настан, на кој се промовираа градежните работите за првата делница од Коридорот 8 Тетово-Гостивар, за ДУИ е хипокризија и недoстаток на карактер. Според ДУИ, Коридорот 8 е резултат на нивната работа.

„Кога ДУИ работеше на обезбедување финансирањето за Коридорот 8, тие гласаа против него. Кога го потпишавме договорот, нè обвинија за криминал и коруптивен договор. А денес? Денес се фотографираат пред овој проект како да е нивен“, велат од ДУИ.
И покрај реакцијата од партијата со најмногу партиски членови на американската црна листа за корупција, самата амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Агелер, ги пофали институциите за сработеното во последните месеци.
„Затоа ми е многу мило што сум тука, особено што ја слушнав и видов работата на Џош и неговиот тим, Бехтел Енка, Владата, бидејќи многу од овие долгоочекувани дела се случија во последните месеци“, рече Анџела Агелер, амбасадорка на САД во Северна Македонија.
И вториот човек на владата, Изет Меџити, рече дека ДУИ порано не работела ништо во однос на развојот на изградбата на овој коридор, туку само се сликале.
Цел текст прочитајте го на Алсат М со клик ТУКА.