
Израел продолжил да спроведува геноцид во Газа и по прекинот на огнот во енклавата, договорен во октомври минатата година со посредство на САД, се наведува во денеска објавен извештај на Обединетите нации.
Извештајот на Независната меѓународна истражна комисија на ОН за окупираната палестинска територија, вклучувајќи го Источен Ерусалим и Израел, ги разгледува кршењата на правата на палестинските деца од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас до септември годинава.
Во извештајот се наведува дека израелските власти продолжиле со „геноцидни дејства, со геноцидна намера целосно или делумно да ги уништат Палестинците во Газа“.

Се посочува и дека ситуацијата на окупираниот Западен Брег продолжила да се влошува.

