Skip to main content
Свет

Киднапирани милионери кои се збогатиле со криптовалути – на еден му отсекле прст во Франција

04/05/2025  21:54

Француската полиција истражува серија киднапирања на милионери кои го стекнале своето богатство во криптовалути откако киднапери му отсекоа прст на еден од нив, барајќи неговиот син да плати откуп.

По тој инцидент, киднапираниот сопственик на компанија за рекламирање криптовалути бил ослободен доцна вечерта во саботата од куќа јужно од Париз. Бил киднапиран во четвртокот навечер.

Истражителите веруваат дека киднаперите немало да престанат да го повредуваат доколку тој не беше спасен.

Полицијата привела пет лица кои биле во таа куќа и се на возраст од дваесетина години.