Skip to main content
Хроника

Полицијата спречи диви трки на автопатот Куманово-Скопје: Двајца млади возачи останаа без своите возила

18/04/2025  15:38

Диви трки на автопатот Куманово – Скопје предизвикале голема бучава и вознемиреност кај граѓаните, поради што била алармирана полицијата.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 16 и 17 април во СВР Куманово биле пријавени неколку случаи на диво возење и улични трки со патнички моторни возила.

„По преземени мерки од полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај, поради сомнение за сторен прекршок, одземени се две возила: патничко моторно возило ‘БМВ’ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.В. (20) од село Долнени, прилепско, и патничко моторно возило ‘Фолксваген Поло’ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Р. (21) од Тетово“, соопштува МВР.

По целосното документирање на случајот, против возачите ќе следуваат соодветни поднесоци.