Skip to main content

Од Министерството нагласуваат дека навремената размена на оперативните сознанија и координацијата со странските полициски служби биле клучни за реализацијата на акцијата.

Ова, според МВР, е втора успешна меѓународна акција во период од еден месец во која придонела македонската полиција. Претходно, соработката со грчката полиција резултирала со заплена на 324 килограми марихуана.

„Овие резултати ја потврдуваат ефикасноста на меѓународната полициска соработка и континуираната посветеност на МВР во борбата против организираниот криминал и недозволената трговија со дрога“, наведуваат од Министерството.

Во соопштението не се наведуваат дополнителни информации за постапката против возачот, ниту за потеклото и крајната дестинација на запленетиот кокаин.