Општина Кисела Вода ќе го собира бесплатно кабастиот отпад по договор со своите жители

Општина Кисела Вода известува дека од понеделник започнува со проект за собирање на кабаст отпад од домовите на своите жители. Секој работен ден, во периодот од 08:30 до 16:30, тие можат да се јават на телефонот 072 313-331 и да дадат информација дека поседуваат кабаст отпад, по што ќе се направи договор со службите на Општината за негово бесплатно подигнување од пријавената локација. Општина Кисела Вода го спроведува овој проект преку Секторот за месна самоуправа, со цел решавање на проблемот со неконтролираното одлагање на овој вид отпад, што е казниво со закон. Потсетуваме дека собирањето на кабастиот отпад има директно влијание во зачувувањето на урбаната животна средина од аспект на санитарно и еколошко значење.

Од тука, во периодот што следи, инспекциската служба ќе работи засилено на пронаоѓање и санкционирање на лицата кои евентуално нема да ги користат услугите на Општината и повторно отпадот ќе го одлагаат на јавни површини.

Треба да знаете
Последни објави