Пет ракети паднаа во близина на Амбасадата на САД во Багдад, но никој не е повреден, соопшти американската Команда за заеднички операции. Како што јави „АП“, тоа е трет напад овој месец, а сторителите засега не се познати. Непознато е и дали проектилите предизвикале материјална штета.