Search

Иран воведе санкции кон САД и Велика Британија поради поддршката на Израел

Иранските власти објавија дека воведуваат санкции за неколку американски и британски поединци и ентитети поради нивната поддршка на Израел во неговата војна против палестинското движење Хамас во Појасот Газа.

Иранската дипломатија соопшти дека санкциите се однесуваат на седум Американци, вклучувајќи го генералот Брајан Фентон, шеф на командата за специјални операции и вицеадмиралот Бред Купер, поранешен шеф на американските поморски сили на Блискиот Исток.

Британски функционери и субјекти цел на санкциите се министерот за одбрана Грант Шапс и британската кралска морнарица во Црвеното Море.

Санкции беа најавени и против американските компании „Локид Мартин“ и „Шеврон“ и британските компании „Елбит системс“, „Паркер Мегит“ и „Рафаел УК“.

Иранското Министерство за надворешни работи додаде дека санкциите вклучуваат „блокирање на сметки и трансакции во финансискиот и банкарскиот систем на Иран, блокирање на средства под иранска јурисдикција, како и забрана за издавање визи и влез на иранска територија“.

Влијанието на тие мерки врз поединци или субјекти, како и врз можните средства или трансакции со Иран, сепак, останува неизвесно.

Иран не го признава Израел и ја стави поддршката за палестинската кауза во центарот на својата надворешна политика од Исламската револуција во 1979 година.

Треба да знаете
Последни објави