
Лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е едениствена, има најмалку уште една, информира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Додаде дека досега се опфатени 26 лица во истрагата, но дека таа бројка нема да биде конечна.
Досега има определено мерка притвор за 18 лица, а седум ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, плус уште едно лице кое е едно од раководните лица во овој момент во министерството за економија.
Тошковски нагласи и дека седум полициски службеници му овозможиле на кабарето да работи во супстандардни услови.
Констатирале дека кабарето ги исполнува условите за заштита на јавен ред и мир и за сообраќај. Одобриле и потпишале известување до министертството за економија во кое констатирале дека кабарето ги исполнува законските услови и покрај тоа што не извршиле проверка. Изработиле телеграма во која не навеле точни и целосни податоци дека во близина на кабарето имало пријави за нарушен ред и мир“, рече Тошковски.