Skip to main content
Македонија

Тошковски: Ова не е единствената фалсификувана лиценца – досега во истрагата опфатени 26 лица, списокот не е затворен

19/03/2025  15:54

Лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е едениствена, има најмалку уште една, информира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Досега има определено мерка притвор за 18 лица, а седум ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, плус уште едно лице кое е едно од раководните лица во овој момент во министерството за економија.

Тошковски нагласи и дека седум полициски службеници му овозможиле на кабарето да работи во супстандардни услови.

Констатирале дека кабарето ги исполнува условите за заштита на јавен ред и мир и за сообраќај. Одобриле и потпишале известување до министертството за економија во кое констатирале дека кабарето ги исполнува законските услови и покрај тоа што не извршиле проверка. Изработиле телеграма во која не навеле точни и целосни податоци дека во близина на кабарето имало пријави за нарушен ред и мир“, рече Тошковски.