Skip to main content
Македонија

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

26/10/2026  19:07

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека денеска телефонски разговарал со проф. д-р Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија, кому му го честитал изборниот резултат и победата.

Во објава на својот фејсбук-профил, Мицкоски наведе дека на Срдановиќ му посакал успех во периодот што следува, изразувајќи уверување дека соработката меѓу двете држави ќе продолжи да се развива.

„Верувам дека добрите меѓудржавни односи, меѓусебното почитување и соработката ќе продолжат да се развиваат во интерес на граѓаните на двете држави“, напиша Мицкоски.