
На социјалните мрежи се споделува пост во кој се бара дарување на крв за повредените од пожарот во Кочани, а кои се пренесени во болницата во Белград, бидејќи како што се вели и во самата објава, кај децата има подобрување, па полека се спремаат и за операции, а ќе биде потребна и крв.
– Сите деца во Клиника се во подобрување, фала му на Бога и на посветениот медицински персонал.
Заради здобиените изгореници, полека ги спремат за операции, па е потребна крв.
Се молат сите здрави и добри луѓе во Белград, да се јават во Центар за трансфузиологија, во близина на ХРАМ Свети Сава.
Нека кажат дека ја даруваат за дечките од Кочани што се на лечење во КЛИНИЧКИ центар.
Нема значење кој која крвна група е!
Однапред благодарни сите родители <3 П.С. #Не_е ништо #итно за денес. Може во следните денови, според Вашето слободно време, стои во објавата.