Skip to main content
Хроника

36-годишна прилепчанка била затекната додека крадела во куќа – полицијата ја уапси

14/03/2025  12:44

Денеска во 05.15 часот на улицата „Јоска Јорданоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода 36-годишната Е.У. од Прилеп.

Таа била затекната при вршење на кражба во куќа.

По документирање на настанот, против неа ќе следува соодветна пријава.