Skip to main content
Македонија

Саем за образование 2025 – најважниот едукативен настан оваа година на 15 и 16 март во Скопје Сити Мол

04/03/2025  10:23

Годинешниот Саем за образование ќе се одржи на 15 и 16 март во Скопје Сити Мол и ќе претставува уникатна можност за матурантите и за студентите да се информираат за своите академски и кариерни можности. Настанот е во организација на Скопје Сити Мол и „Студентарија“ – најголемата дигитална студентска платформа и заедница во Македонија, а е поддржан од Шпаркасе Банка.

На Саемот ќе учествуваат државни и приватни универзитети со над 80 факултети,  академии за дигитални вештини и продажба, но и компании и организации за млади. Учесниците преку презентации, интерактивни работилници, панел-дискусии и експериментални шоуа ќе ги доближат до младите најновите едукативни и професионални можности.

Посетителите ќе можат да добијат информации за стипендии, академски програми, уписни рокови, студентски поволности, како и совети за градење успешна кариера.

Скопје Сити Мол и „Студентарија“ ви нудат програмата на настанот, која вклучува: презентации на универзитети и академии, кариерно советување, работилница за ментално здравје со психолог, презентација на можности за стипендии и Еразмус+ програми, панел-дискусии со експерти на академски и кариерни теми, вмрежување со претставници од образовниот и од бизнис-секторот.

Саемот за образование 2025 е единствена можност за средношколците и за идните студенти на едно место да се сретнат со претставници на десетици факултети и универзитети, да дознаат за нивните студиски програми, уписни рокови, можности за стипендии и кариера, животот на кампусите, но и да учествуваат на работилници за кариерно советување и да ги истражат различните образовни и професионални патишта што ќе ја одредат нивната иднина.

Настанот има цел да им ги обезбеди на матурантите потребните информации и ресурси, со цел да донесат информирани одлуки за нивното идно образование и кариера, додека актуелните студенти ќе имаат можност да истражуваат практики, дополнителни обуки и професионален развој, поврзувајќи се директно со универзитетите, компаниите и експертите од различни области.

Покрај образовните содржини, Скопје Сити Мол како модерен и динамичен простор нуди пријатна атмосфера за посетителите на настанот, овозможувајќи им да го комбинираат учеството на саемот со релаксација, шопинг или дружење, а за време на саемот, студентите ќе имаат пристап до специјални попусти во продавниците низ Скопје Сити Мол и студентско мени во рестораните.

Дел од саемот ќе биде и Родителското катче, кое има цел да им обезбеди на родителите и на старателите значајни информации, стратегии и поддршка за тоа како да им помогнат на сопствените деца полесно да ја поминат оваа клучна фаза од своите животи.

Регистрацијата за учество е во тек, а сите заинтересирани средношколци, студенти и нивните родители може да се пријават на следниов линк.