Skip to main content
Балкан

ЕУ загрижена за насилството на избирачките места во Србија

25/10/2026  20:20

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Србија, Андреас фон Бекерат, изрази длабока загриженост поради пријавените насилни инциденти на неколку избирачки места за време на денешните вонредни парламентарни избори.

Фон Бекерат ги повика сите учесници во изборниот процес да останат смирени, да постапуваат одговорно и да се воздржат од насилство и провокации.